Македонската фудбалска репрезентација на првиот од двата контролни натпревари во Благоевград, Бугарија кој се одигра на 3. септември победи со 2-1. Репрезентацијата предводена од Горан Станиќ поведе во 51 минута од натпреварот со успешно изведен удар од белата точка од страна на капитенот Агон Елези, а во 75 минута Кире Трпчевски го зголеми водството на 2-0. До конечните 2-1 и ублажување на поразот дојде по погодокот за Бугарија во 84 минута.
За Македонската репрезентација до 19 години настапија: Матеј Андов, Георге Јанкулов, Ване Тасевски, Александар Ѓурковски (Божидар Митревски 80′), Бојан Димовски (Куштрим Таири 88′), Јетон Даути (Иван Николов 80′), Агон Елези, Димитар Тодоровски (Арби Воша 63′), Методиј Максимов, Кире Трпчевски, Џемаил Ибиши (Давид Тошевски 63′).



