понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Фудбал

Учинок на интернационалците

Предраг Јанчески ✏️ Предраг Јанчески
март 18, 2019
📁 Фудбал

Шпанија Примера

Реал Сосиедад 1:1 Леванте меч со поделба на бодовите, а македонскиот репрезентативец Енис Барди одигра квалитетен натпревар во текот на сите 90 минути.

Вилјареал 3:1 Рајо Валјекано со пресврт и три гола во второто полувреме Вилјареал дојде до победа и три бода кои го оддалечуваат од местата кои носат понизок ранг, а во спротивна насока се движи Рајо Валјекано кој се поблиску е да испадне од лигата. За гостите  голот го бранеше Столе Димитриевски кој беше немоќен да го спречи новиот пораз на својата екипа.

Холандија Ередевизија

Екцелзиор 0:2 Цволе пораз без да постигнат гол домаќините и се наоѓаат на едно место од зоната за испаѓање. За Екцелзиор на клупата на резерви беше Денис Махмудов.

Холандија Ерсте Дивизија

Дордрехт 3:2 Рода ефикасен меч и триумф над тим кој има големо искуство од настапи во најдобрата холандска лига. Во победничкиот табор цел натпревар одигра Антонио Станков кој воедно е и капитен на Дордрехт.

Португалија 1

Спортинг Лисабон 1:0 Санта Клара минимален триумф доволен за три бода. На десната бековска позиција стандардно квалитетно одигра Стефан Ристовски.

Саудиска Арабија

Ал Раед 1:0 Ал Батин важни три бода во борба по опстанокот во лигата. Ферхан Буба Хасани го одигра целиот натпревар.

Турција 1

Фенербахче 2:1 Сиваспор важни три бода во трка по опстанокот во лигата. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас остана на клупата за резерви.

Србија 1

Земун 0:1 Раднички Ниш минимален триумф над последно пласираниот тим на Земун. Со овие три бода Раднички се зацврстуваат на втората позиција на табелата со надеж дека до крајот на сезоната ќе ја нападнат лидерската позиција на Црвена Звезда. За Раднички цел натпревар одигра искусниот Александар Тодоровски кој заработи и жолт картон во 62 минута.

Австралија 1

Њукасл Џетс 2:3 Централ Коаст Маринерс пораз на Њукасл од последнопласираната екипа, а сите погодоци беа во второто полувреме, со тоа што гостите имаа предност од 0:3 и до крајот домаќините намалија само на пристоен пораз од 2:3. За Њукасл цел натпревар на десната бековска позиција одигра Даниел Ѓорѓиевски.

Бугарија 1

Лудогорец 6:0 Септември Софија висок триумф на најголемиот фаворит за титулата во бугарското првенство. За гостите цел натпревар одигра Дарко Глишиќ.

Дунав Русе 1:1 Черно Море по еден постигнат гол и поделба на бодовите за двете екипи. Дунав Русе се бори за опстанок и секој бод му е многу важен. За домаќините цел натпревар одигра Александар Исаевски кој при тоа заработи и жолт картон.

Славија Софија 0:1 Етар минимална победа за гостите. За Славија до 68 минута играше Стефан Ашковски, додека Дарко Тасевски не беше во протоколот за овој натпревар.

Кипар 1

Неа Саламис 1:0 Аек Ларнака пораз во незгоден момент кога тимот брка бодови за излез во Европа. За Аек цел натпревар одигра Даниел Мојсов, додека Иван Тричковски поради повреда не беше во протоколот за овој натпревар.

Омонија 3:1 Аел Лимасол иако гостите се поразени сеуште се на трето место кое води во квалификациите за Лига Европа. За Аел Лимасол до 84 минута настапи младинскиот репрезентативец до У-21 Давор Здравковски.

Алки Ороклини 1:4 Докса убедлив пораз за тимот за кој настапува Душко Трајчевски кој го одигра целиот натпревар при тоа заработи и жолт картон. Неговиот тим до крајот на сезоната ќе се бори грчевито за опстанок во лигата.

Англија Чемпионшип

Лидс Јунајтед 0:1 Шефилд Јунајтед во дербито на Јоркшир гостите дојдоа до минимална победа и го презедоа второто место од конкурентот Лидс. За домаќините стандардно квалитетно цел натпревар одигра Езџјан Алиоски.

Грција 1

Јанина 0:0 Аел Лариса во дербито на екипите од долниот дел на табелата мечот заврши без голови и со поделба на бодовите. За Аел Лариса цел натпревар одигра Никола Јакимовски.

Унгарија 1

Мол Види 1:0 Мезоковесд минимална победа, а во финишот на мечот во 84 минута влезе во игра Бобан Николов заменувајќи го стрелецот на победничкиот гол.

Турција 1

Коњаспор 0:2 Ризеспор непријатен домашен пораз, а за Коњаспор цел натпревар одигра Леонард Жута, додека Адис Јаховиќ играше само во второто полувреме.

Хрватска 1

Риека 3:1 Осиек македонско дерби кое што му припадна на домаќините за кој што цел натпревар одигра Дарко Велковски, а младинскиот репрезентативец до У-21 Милан Ристовски доби шанса во 89 минута. На спротивната страна од 76 минута шанса за настап доби Музафер Ејупи кој имаше долга пауза поради тешка повреда, а во 83 минута го постигна почесниот гол за својата екипа.

Серија А

Џенова 2:0 Јувентус најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев е човекот кој му го нанесе првиот пораз на Јувентус во првенството, а Пандев како златна резерва кој доби шанса за настап од 60-та минута најпрвин во 72 минута му асистираше на исто така резервистот Стураро за почетно водство, а Пандев во 81 минута ги постави конечните 2:0 и занего ова е трет првенствен гол сезонава.

Серија Б

Палермо 4:1 Карпи убедлива победа над последнопласираниот тим. Најзаслужен за трите бода е Илија Несторовски кој што постигна два гола и асистираше за еден гол, инаку настапи до 88 минута на теренот. За Несторовски ова беше деветти гол во сезоната. Вториот македонски репрезентативец Александар Трајковски за Палермо одигра цел натпревар.

Белгија Јупилер лига

Шарлероа 1:2 Еупен пораз за домашната екипа, а Ѓоко Зајков беше на клупата за резерви цел натпревар.

Чешка 2

Храдец Кралове 3:0 Простејов рутинска победа за домаќините во кој што активно учествуваше Фахрудин Ѓурѓевиќ кој го постигна голот за во тој момент од 2:0, а потоа беше заменет во 75 минута. За Храдец ова беше важна победа за задржување на шансите за влез во најдобрата чешка прва лига. За Ѓурѓевиќ ова беше негов петти гол во сезоната.

 

Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

 

 

 

 

 

ShareTweet
Претходна вест

(Видео) „Пак да те допирам“ прекрасна песна на Марија Ичкова

Следна вест

(Видео) Гоблен прослави победа, останатите екипи ремизираа

Предраг Јанчески

Предраг Јанчески

Слични вести

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ
Фудбал

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
11/Ное/2026
Поранешен играч на Пелистер и Караорман ќе дебитира за Албанија!
Фудбал

Поранешен играч на Пелистер и Караорман ќе дебитира за Албанија!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
10/Ное/2026
Елмас повторно во Италија: Македонскиот репрезентативец потпиша за Аталанта!
Фудбал

Елмас повторно во Италија: Македонскиот репрезентативец потпиша за Аталанта!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
22/Авг/2026
СТРУШКИОТ БИСЕР ГО НАПУШТА РАБОТНИЧКИ: Дитмир Хоџа на само 17 години заминува во ЛИДС ЈУНАЈТЕД!
Фудбал

СТРУШКИОТ БИСЕР ГО НАПУШТА РАБОТНИЧКИ: Дитмир Хоџа на само 17 години заминува во ЛИДС ЈУНАЈТЕД!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
20/Авг/2026
Следна вест

(Видео) Гоблен прослави победа, останатите екипи ремизираа

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.