УЕФА ќе го казни Динамо Загреб, откако хрватскиот шампион го направи својот историски успех и се пласира во 1/8 финале од Лига Европа. УЕФА сепак ќе го расипе славјето со тоа што ќе покрене четири дисциплински мерки спрема хрватскиот тим.
Динамо ќе бидат казнети поради фрлање на предмети на терен, палење факели и блокирање на местата за поминување на трибините како и казна за тренерот Бјелица кој доби црвен картон поради приговор и попречување на противнички играч.
Сепак конечната и официјална одлука треба да се донесе на 28. февруари. Инаку Динамо Загреб својот прв меч од 1/8 финалето против Бенфика треба да го игра на 7-ми март во Загреб, додека реваншот е закажан за 14-ти март во Лисабон.



