Третото коло од третата англиска лига го отворија две екипи со премиерлигашко реноме – Сандерленд и Портсмут.
Гостите одлично, уште во 22. минута го отворија натпреварот со првиот погодок на Харнес во дресот на Портсмут. Само 5 минути подоцна, по одличниот центаршут од корнер на Ледбитер, Џордан Вилис – штоперот на Сандерленд што дојде како засилување од Ковентри, постигна гол и го израмни резултатот.
Веќе во 39. минута Сандерленд направи целосен пресврт преку голот на Мегваер, а тоа се покажа и како конечен резултат на натпреварот.
Ова е втор пораз за Портсмут оваа сезона, а Сандерленд стигна до првата победа откако во првите две кола ремизираше по 1-1 со Оксфорд Јунајтед и Ипсвич.



