Шутова која што ја освои шампионската титула во 2016-та година, втората фаза ќе ја почне од шестата позиција, но амбициите за пласман во разигрувањето и се зголемуваат со оглед дека потпишаа со шестмина нови одбојкари.
Најзвучна аквизиција за кичевскиот тим е долгогодишниот репрезентативен среден блокер Ѓоко Јосифов, а покрај него, силни адути за Шутова ќе бидат бразилецот Рабел Коељо, србинот Игор Суботиќ, Ѓоко Маџиров на позиција техничар како и Станислав Азаров и Давид Сотироски.
Второпласираниот Универзитет Тетово своите редови ги засили со Сашко Ивковиќ, Флаурент Исљами и Наим Абази. Додека нови одбојкари на Весна Пробиштип се: Стефан Алексов и Љупчо Зенделов , Елфат Абди, Менсур Хамзаи и Александар Лепидовски ќе настапуваат во Лирија, а Иван Христовски и Димитар Илиевски ќе го облечат дресот на Јанта волеј. ГОК Борец ќе се обиде да ја унапреди формата со помош на Филип Ајдаров, на Илија Илиевски и на Дејан Гиновски.
Првопласираната екипа кај мажите, Џио Струмица, којашто на девет натпревари забележа девет победи без да загуби сет, во своите редови врати двајца проверени одбојкари. Репрезентативниот среден блокер Славе Наков замина од косовската екипа Дреница и повторно ќе игра за бранителот на ланската двојна круна. Дресот на Џио Струмица ќе го носи и Ристо Балџиев, кој реши да се врати на терените и да ја продолжи кариерата.
Женските одбојкарски клубови исто така беа активни на трансфер пазарот каде што Работнички Скопје ги доведе во својот тим како засилувања Ерјона Јонузи и Ема Веселкоска. Ускана ангажираше дури осум, а во трката за врвот, Наковски волеј и Работничи – Жени ангажираа по две нови одбојкарки.



