Вториот ден на првиот грен-слем годинава, Аустралиан Опен, ни донесе многу интересни моменти и неколку неочекувани резултати.
Иво Карловиќ со победата од 3-0 (7-6, 6-4 и 7-5) над Васек Посписил стана најстариот тенисер во машка конкуренција што победил еден грен-слем натпревар на тврда подлога. Хрватот има точно 40 години и 327 дена.
Александар Зверев се намачи со Марко Чекинато, но успеа да забележи навидум убедлива победа од 3-0 (6-4, 7-6 и 6-3). Во овој меч, Италијанецот имаше одлична шанса да израмни на 1-1 во сетови, откако во вториот сет имаше брејк предност и водеше со 5-3.
„Ќе донирам 10 000 долари за секој натпревар што ќе го победам овде. Не сум фаворит за освојување на турнирот, но ако го освојам, тогаш ќе ја донирам секоја цента.” – изјави Зверев алудирајќи на пожарите што беснеат низ островот.
Најдолгиот натпревар во машка конкуренција го одиграа Полманс и Кукушкин. Австралијанецот славеше со 3-2 (6-4, 6-3, 4-6, 6-7 и 6-4), а Кукушкин веќе две години по ред го завршува својот настап на АО во првата рунда.
Од претставниците на Србија, своите дуели денес ги играа Кецмановиќ, Крајиновиќ и Лајовиќ. Лајовиќ со 3-0 (7-6, 6-3 и 7-6) славеше над Едмунд, а Крајиновиќ со 3-2 (7-6, 7-6, 3-6, 4-6 и 7-5) беше подобар од Хали. Кецмановиќ запиша пораз од Сепи со 3-0 (4-6, 4-6 и 6-7).
Опелка и Фоњини пружија еден неверојатен меч што траеше 3 часа и 46 минути. Италијанецот на крај славеше во тај-брејк со 10-5. Најпрво Опелка поведе со 2-0 (6-3 и 7-6) во сетови, а потоа дванаесеттиот играч на АТП листата направи одлична серија и успеа да ги освои наредните три сета (4-6, 3-6 и 6-7).
Генерално, сите фаворити ги победија своите противници и изборија пласман во следната рунда. Меѓу нив слаѓаат и Чилиќ, Пер, Раониќ, Вавринка, Надал, Медведев, Кирјос и Андерсон. Единствено Жо-Вилфред Тсонга беше приморан да го предаде натпреварот против Алексеј Попирин. Дваесет годишниот Австралијанец водеше со 2-1 (6-7, 6-2, 6-1) против Французинот, во моментот кога натпреварот беше предаден.
Кај дамите, најголемото изненадување беше елиминацијата на Марија Шарапова. Сепак, ситуацијата не е толку чудна имајќи во предвид дека Русинката играше против Хрватката Дона Векиќ која се наоѓа на 20. позиција на ВТА листата. Векиќ славеше со 2-0 (6-3, 6-4).
Уште едно изненадување би можело да се смета и елиминацијата на 16-пласиранатаМаркета Вондрусова. Дваесет годишната Чехиња беше поразена со 2-1 (6-2, 4-6 и 6-4) од искусната Светлана Кузњецова.
Од тенисерките што се подобро пласирани на ВТА листата, поминаа Јастремска, Бенчиќ, Каролина Плишкова, Остапенко, Мугуруза и Халеп.



