Првото аргентинско лигашко Суперкласико во новата сезона се одигра на стадионот „Ел Монументал”, а навивачите на домаќинот Ривер Плате направија фантастична атмосфера и вистински спектакл.
За жал, играта на теренот не беше толку сјајна. И покрај тврдиот критериум на судијата Рапалини, видовме дури 10 жолти картони. Ривер доминираше во поголемиот дел од дуелот, но сепак натпреварот заврши без голови. Последно реми на овие два ривали со резултат 0-0 беше на 24. април 2016. Ова е трето последователно реми во регуларен дел од натпреварите помеѓу Ривер и Бока имајќи во предвид дека на последниот натпревар, во финалето на Копа Либертадорес, во Мадрид, славеше Ривер, но преку продолженија. Голманот на Бока – Естебан Андрада, се истакна и на овој натпревар. Аргентинецот нема примено погодок на 9 натпревари во низа !
Ново Суперкласико ќе гледаме на 2. односно на 23. октомври во рамките на полуфиналето од Копа Либертадорес.



