Македонската радио телевизија како активна членка на Европската радиодифузна унија и годинава ќе учествува на Изборот за песна на Евровизија, што ќе се одржи во мај во Тел Авив, Израел. Македонската радио телевизија ги разгледа условите и обврските кон ЕБУ кои Јавниот сервис ги добива со потпишување на апликцијата за учество на оваа етаблирана манифестација. Истовремено ја разгледа и временската рамка на обврските и одлучи оваа година да се прифати моделот на изведувач(и) – автор(и). Во таа насока, МРТ донесе одлука: Тамара Тодевска да ја претставува Македонија на Евросонг 2019. Во моментов се во тек консултации со група автори околу песната-национален претставник на годинашниот ЕВРОСОНГ.
Извор: МРТ



