Од скоро новиот италијански репрезентативен напаѓач и вундеркинд на Јувентус, младиот 19-годишен Мојс Кин потпиша петгодишен договор со премиерлигашот Евертон за обештетување од 37 милиони евра.
,,Карамелите” со овој трансфер ги решаваат сите проблеми во навалната линија и во наредната сезона ќе имаат играч кој лесно ќе влегува во гол шанса и ќе има висока реализација. Кин поради преголема конкуренција се реши да замине од редовите на италијанскиот калчолигаш и со тоа да добие шанса за голема минутажа во новиот клуб.



