Во новата сезона тимот на РК Прилеп ќе влезе со големи амбиции да се врати експресно во Суперлигата. Поради тоа се донесени и пет засилувања помеѓу кои и Ивица Дукоски од РК Струга и Филип Пајкоски од КЛ7 Струга. Покрај нив тимот го засилија и Драган Кузманов и Ѓорѓи Ташев од Вардар Неготино, како и Мирче Ѓорѓиев од Делчево.



