Во шестото коло од Плеј аутот од Суперлигата тимот на Струга славеше убедлива победа од 41:25 (полувреме 18:15) против екипата на Радовиш. Најефикасни во тимот на Струга беа Христијан Крстаноски со 7 и Ненад Костески со 6 голови, додека кај гостите Кристијан Ристов со 9 и Спасе Ѓорѓиев со 6 погодоци.
Екипата на Охрид нагости го совлада Прилеп со 20:36 (полувреме 7:18). Најефикасни во гостинскиот тим беа Тасески Иван со 7, додека по 4 голови дадоа Ивановски Мартин, Блажески Бобан и Трпчевски Стефан. Кај домаќинот најефикасен со 5 голови беше Крстевски Филип.



