Ракометарите на Пелистер загубија во шестото коло на плеј-офот на Суперлигата на домашен терен од Металург со 37-41 иако на полувреме водеа со 21-17. Најефикасни во екипата на Пелистер беа Кобетиќ со 10 и Поповиќ со 9 голови, додека кај Металург најефикасни беа Шпенде со 9 и Токиќ со 7 погодоци.
Бутел славеше убедливо против Тинекс Пролет од 29-20 (полувреме 15-11) и стигна до првата победа во Плејофот. Најдобaр стрелец кај Бутел беше Мајиќ со 9 голови, додека кај Пролет Андоновски и Манасков постигнаа по 5 голови.



