По неколку неуспешни игри Евре славеше сигурен триумф од (92:87), а македонскиот репрезентативец Стојан Ѓуроски беше еден од најдобрите играчи во домашниот тим, имаше и пет асистенции и четири скока.
За 29:04 минути во игра, Ѓуроски реализираше 20.поени, со сосема добра реализација во шутот (3/6 за три, 3/3 за два поени), но беспрекорни 5/5 од линија за слободни фрлања. Имаше и пет успешни додавања до соиграчите, како и четири скока.
Ова беше шеста победа за Евре во 16.одиграни кола со кои ја поправи својата позиција на табелата во француската втора лига. Го дели 13. место во вкупниот поредок во кој има 18.екипи.



