Екипата на Њукасл успеа да го совлада Манчестер Јунајтед на „Сент Џејмс Парк” со 1-0. Стрелец на голот беше дебитантот Метју Лонгстаф кој прецизно биеше од 20-тина метри во 72. минута.
Кога Метју Лонгстаф се родил (21. март 2000), денешниот арбитар, Мајк Дин, веќе имал судено на 22 натпревари само во Премиер Лигата !
Поразот на Манчестер Јунајтед потполно го „обви Манчестер во црно” бидејќи денес и Манчестер Сити загуби на домашен терен од Вулверхемптон со 0-2.
Тренерот на Њукасл, Стив Брус, после 22 обиди, прв пат успеа да го совлада Манчестер Јунајтед и тоа во својот јубилеен 400. натпревар како тренер.



