Најдобрата македонската репрезентација на 7. и 10. јуни на Националната арена „Тодор Проески“ го продолжува квалификацискиот циклус за пласман на ЕУРО 2020. Фаворитите во нашата група, Полска и Австрија гостуваат на нашиот најголем стадион.
Стефан Ристовски вели дека во овие квалификации македонската репрезентација има јасна цел, а тоа е да се бориме за висок пласман во групата.
-Ќе дадеме се од себе, иако знаеме дека ќе биде исклучително тешко против Полска која е најдобра репрезентација во нашата група. На нас е да се наметнеме, треба добро да се подготвиме, стручниот штаб работи на сите детали, го анализираме противникот и се надевам дека ќе бидеме максимално подготвени. Добра, компактна одбрана ќе значи и подобар напад, противникот сигурно ќе биде подготвен на сѐ, но ние во овие квалификации имаме цел, а тоа е да се бориме за висок пласман и да се обидеме да освојуваме бодови против секој противник, изјави Стефан Ристовски.



