Младиот стружанец Стефан Колоски кој има играно и за Бутел, Радовиш, Работнички, Металург Јуниор…. и има доста искуство во Суперлигата и Првата лига е нов член на амбициозниот прволигаш РК Тиквеш.
Во кратката изјава Стефан ни кажа дека првите впечатоци за новиот клуб и градот се прекрасни. “Во РК Тиквеш се тренира и работи одлично. Амбициите на клубот се пласман во Суперлигата и јас сум подготвен да помогнам во тие цели. Луѓето во Кавадарци живеат за спортот. Имаат кошаркарски клуб во елитата, а целта е догодина и ракометот и фудбалот да се изборат за влез во најквалитетната конкуренција”