По многу перипетии и неизвесност, најтрофејниот македонски спортист, Бошко Стаменковски заминува во Атланта,Сад на Светско првенство во Пауерлифтинг и бенч каде што ќе атакува на нови успеси и потврдување на својот квалитет.
Во петок се мерењата, додека во сабота ќе следуваат натпреварите на кој што ќе настапи и единствениот македонец на ова првенство и ќе се натпреварува во категоријата до 75 килограми. Стаменковски се чуствува подготвен и мотивиран да постигне нов успех.



