Бившиот соиграч на нашиот интернационалец Езѓан Алиоски и досегашниот штопер на Лидс, Понтус Јансон, денеска потпиша тригодишен договор со Брентфорд. Договорот има опција и за една дополнителна година, а ,,Пчелите” мораа да издвојат 6,15 милиони евра за да го доведат Швеѓанецот на Грифин Парк.
Јансон во дресот на Лидс одигра 115 натпревари и постигна 9 гола, а претходно ги бранеше боите на Торино и Малме.
За репрезентацијата на Шведска досега има одиграно 20 натпревари.



