Во Скопје е дербито помеѓу најголемите ривали Вардар наспроти Шкупи. Без разлика на позициите на табелата, моменталната форма и имињата во своите редови, овој натпревар секогаш го привлекува вниманието на домашната фудбалска јавност.
Освен тоа двете екипи оваа сезона се борат за излез во Европа и секој бод до крајот на сезоната ќе биде во најмала рака решавачки. Вардар е на трета позиција додека Шкупи е едно место подолу на четвртата позиција. На скопските ,,Црвено-црни” примарна цел ќе им биде да го одбранат ова место на контото на табелата, а ако им се укаже шанса и да го нападнат второто место на кое се наоѓа Академија Пандев.
Второто прволигашко дерби ќе се одигра во Тетово, каде што Работнички ќе му гостува на неприкосновениот лидер, тимот на Шкендија. Ова ќе биде ,,невозможна” мисија на ,,Романтичаите” за освојување на бодови и приклучување кон екипите од горниот дел на табелата кои се борат за евро-квалификации.
Академија Пандев со големите три бода од Скопје и триумфот над Работнички сега на домашен терен треба да ги потврди бодовите против Силекс и да се зацврсти на втората позиција на табелата, која од позадина ја напаѓа тимот на Вардар.
Прва МФЛ 23. коло двојки:
14:30 16.03.2019 ФК Победа – ФК Ренова
14:30 16.03.2019 ФК Академија Пандев – ФК Силекс
14:30 16.03.2019 ФК Шкендија – ФК Работнички
14:30 16.03.2019 ФК Вардар – ФК Шкупи
14:30 16.03.2019 ФК Македонија Ѓорче Петров – ФК Беласица.



