Денес започна новата сезона во светскиот куп на ски скокови. Првото натпреварување се одржа во Висла, Полска. На квалификациите славеше Германецот Карл Гајгер со скок од 133 метри при намалено залетувалиште и ветер во грбот. До второто место дојде фантастичниот и актуелниот двоен првак на Швајцарија – Килијан Паер, а на третото место се најде Даниел Хубер.
Актуелниот светски шампион, Рјоју Кобајаши, заврши на четвртата позиција. Од домашните натпреварувачи, најдобар беше Давид Кубацки кој ја делеше седмата позиција со најдобриот Словенец денеска – Петер Превц. Камил Шток беше единаесетти, а миленикот на публиката во Висла, Пјотр Жила, беше на 21. место. Како негативни изненадувања се покажаа Куделка, Касаи и Хајбок кои не успеаја да се пласираат во првата серија.
Утре од 16 часот, на програмата ќе биде тимското натпреварување, а првото компетитивно поединечно скокање ќе биде во недела со почеток од 11:30.



