Одличниот десен бек но и универзалец на теренот Горан Силјановски е осмо зимско засилување во составот на Работнички кој од клупата го предводи Жикица Тасевски. Силјановски во минатото настапуваше за Работнички и во еден период беше капитен на тимот за потоа да направи трансфер во албански Фљамуртари и од таму сега повторно се враќа во ,,старото јато”. Силјановски потпиша договор до јуни 2020 година и директно се приклучи на тимот на подготовките во Анталија,Турција.
Фото: http://www.fkrabotnicki.com



