Започна втората полусезона во Прва ЖФЛ со 14 коло во кое што најубедливата победа ја оствари ЖФК Тиверија која што на гостувањето против ЖФК Кочани победи со резултат од 0:17.
Натпреварот се одигра во фер и коректна игра во која што домашните фудбалерки ниту постигнаа почесен гол, но затоа струмичанки ја полнеа противничката мрежа и застанаа до 17 постигнати гола.
Стрелци за ЖФК Тиверија беа Димоска која постигна дури 8 гола, потоа голгетерскиот учинок го следеа: Николовска со хет-трик, С. Велкова 1, Ристовска 1, Недева 1, Ѓорѓиева 1, Р. Велкова 1 и Божиновска 1 гол.