Татран Прешов победи против тимот на Веселин Вујовиќ и ја продолжи трката со Брест Мешков за завршниот турнир во СЕХА лигата.
Тимот во кој настапува нашиот интернационалец Никола Костески го совлада потешко од очекувањата Железничар Ниш со 27-26 (полувреме 13-13). Најефикасен играч на натпреварот беше бекот на Татран Бруно Буторац со 9 голови. Крилата на Татран немаа многу топки и беа во функција на тимот, па така Јакуп Хрстка постигна 2 гола од 3 обиди, а Никола Костески 1 гол од 2 обиди со одлична игра во обраната во текот на целиот натпревар. 



