Во рамките на 18. коло од романскиот шампионат во градското дерби ЦСМ Букурешт за кој игра репрезентативното крило Гоце Георгиевски загуби со резултат од 25:28 против Стеауа Букурешт. Со овој пораз ЧСМ Букурешт пропушти шанса да се доближи до првопласираната Констанца која е лидер со 45 освоени бода, додека со натпревар помалку ЧСМ има 40 освоени бода. За утеха од поразот, Георгиевски беше прв стрелец со 6 постигнати гола.



