Првото Олд Фирм дерби оваа сезона се одигра на легендарниот стадион на Ренџерс – „Иброкс” во рамките на 4. коло од шкотскиот Премиершип.
Во првите три кола и Ренџерс и Селтик запишаа по три победи. „Зелените” поведоа уште во 32. минута преку Едуард. Во продолжение следуваа напади на избраниците на Стивен Џерард, но преку контра-напад во 93. минута, Хејс стави точка на овој натпревар.
Селтик го напушти „Иброкс” со нова победа од 2-0 и три поени предност на табелата во однос на второпласираниот денешен ривал.



