Во втората лига на Турција македонскиот искусен центар, Предраг Самарџиски забележа ефект од десет поени, а освен тоа имаше и три скока, една асистенција и украдена топка, како и три загубени топки во период на игра од 29 минути поминати на паркетот.
Ниту одличната претстава на Самарџиски не беше доволен да се избегне високиот пораз од Борнова со резултат од 77:57. Следен предизвик и можност за позитивен резултат на Предраг Самарџиски и Самсунспор ќе им биде тимот на Мамак.



