Гравелин Данкерк запиша нов пораз во рамките на 21. коло од најдобрата француска лига. Овој пат на гостувањето против Лимож со постигнат резултат од 77:71.
Светла точка во поразената екипа беше репрезентативниот бек Војдан Стојановски кој заврши како најефикасен кошаркар во поразената екипа со 16 поени, при тоа придодаде зад своето име и шест скока, две загубени топки како и една асистенција сето тоа за 32:37 минути во игра.
По 21.одиграно коло во ПРО А лигата, сега Гравелин Данкерк е на скор (6-15), доволен за делба на 15.место на табелата. Стојановски е прво име во екипата и ќе се обиде да го спаси Гравелин од испаѓање од најдобрата француска лига.



