Во првиот меч од англиската четврта лига, Салфорд се соочи со Стивениџ. Ова е прв меч во англискиот лигашки фудбал за домаќините.
Во 29. минута, Емануел Дизерув влезе во антологијата на Салфорд, постигнувајќи го првиот професионален гол во историјата на тимот кој е 60% во сопственост на шест поранешни ѕвезди на Манчестер Јунајтед – браќата Фил и Гери Невил, Ники Бат, Дејвид Бекам, Пол Сколс и Рајан Гигс.
Во 48. минута, Дизерув го постигна и вториот гол на овој натпревар и му ја донесе првата професионална победа на Салфорд во клупската историја.



