Во рамките на 25. коло на премиерлигашкиот натпревар помеѓу Вест Хем и Ливерпул кој заврши со резултат од 1:1 за поделба на бодовите, мечот беше одблежан и од расистички навреди кон Мохамед Салах од страна на домашните навивачи.
По тој повод клубот Вест Хем излезе со соопштение во кое се вели дека како клуб ги осудуваат сите расистички навреди и дека ќе организирале сеопшта истрага да се утврдат виновниците и да бидат проследени до полицијата. На крај во соопштението тие наведуваат дека сите во клубот биле согласни дека расизмот не треба да се толерира и дека за него не постои никаков изговор.



