Легендарниот англиски репрезентативец, Вејн Руни и некогашен играч на Евертон и Манчестер Јунајтед на 33 години ја заврши фудбалската кариера, а негов последен клуб беше ДЦ Јунајтед од МЛС лигата. Руни во јануари ќе биде тренер на Дерби Каунти и фудбалската ја заменува со тренерска кариера.
Овој напаѓач има голема харизма, а таквиот стил лесно може да го пренесе и на своите идни пулени на теренот. Последниот негов натпревар за тимот беше во полуфиналето од Плејофот во Источната конференција од тимот на Торонто каде што загубија со убедливи 5:1, а дури во продолженијата ДЦ Јунајтед прими четири гола, инаку во регуларните 90 минути регултатот гласеше 1:1.