Еден од најинтересните натпревари во рамките на 1/16-финалето на македонскиот куп се одигра на Градски стадион во Гевгелија.
Екипата на Кожув на домашен терен ја пречека моментално првопласираната екипа во ПМФЛ – Ренова. Првото полувреме го добија второлигашите со резултат од 1-0. Во вториот дел Ренова направи целосен пресврт и поведе со 1-2. Кожув израмни експресно, а по десетина минути успеа да поведе со 3-2. Во последните минути од натпреварот, преку пенал, Ренова израмни на 3-3.
Натпреварот отиде директно кон пеналите. Решавачка беше седмата серија, а Ренова славеше со 5-6 после пенал-рулетот.
* Фотографијата е превземена од официјалната Фејсбук страна на КФ Ренова



