ПЕЛИСТЕР -ОХРИД 19:25 (полувреме 10:10)
Ракометарите на Охрид славеа на гостувањето кај Пелистер со 19-25. Најдобри кај домаќинот беа Дрогришки и Буторац со по 5 погодоци, додека во Охрид најпрецизни беа Кривокапиќ и Блажески со по 6 голови.
ПРОЛЕТ – МЕТАЛУРГ 26:26 (полувреме 13:15)
Во дербито на колото екипите на Пролет и Металург одиграа нерешено 26:26. Најефикасни кај Пролет беа Василески и Андоновски со по 7 голови, додека кај Металург се истакна Шилегов со 5 голови.
ВАРДАР ЈУНИОР – БУТЕЛ 26:31 (полувреме 10:16)
Вардар Јуниор долго време парираше на Бутел но на крајот загуби со 26:31 (полувреме 10:16). Милошевски со 7 беше најефикасен кај тимот на Бутел, додека Карапалевски со 8 гола беше најефикасен кај Вардар Јуниор.



