Трката за големата награда на Италија, којашто се одржа во Монца по рекорден 69. пат, помина во знакот на Ферари. Имено, до втората победа во низа дојде Моначанецот Шарл Леклер којшто вчера на контроверзен начин стигна до пол-позицијата.
Последен возач на Ферари што победил во Монца беше Фернандо Алонсо во 2010 година.
Зад Леклер, на подиумот се најде двоецот на Мерцедес – Ботас и Хамилтон. До одличното четврто место стигна Даниел Рикијардо кој беше проследен од клупскиот колега Хулкенберг, Албон, Перез, Ферстапен, Џовинаци и Норис.
Дополнителниот поен за најбрз круг го освои Хамилтон.



