понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Фудбал

Првата МФЛ од новата сезона во директни преноси на Арена Спорт и МТВ

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
јули 16, 2019
📁 Фудбал

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини минатата недела во Белград одржа состанок со претставници на ТВ Арена Спорт во врска со телевизиските права за натпреварите од Прва МФЛ.

По разговорите во седиштето на ТВ Арена Спорт, раководството на регионалниот спортски канал, ТВ Арена Спорт, достави понуда до Фудбалската федерација на Македонија за телевизиските права за натпреварите од 1 МФЛ во чија рамка влегуваат два директни преноси од секое коло (сабота и недела), правата за натпреварите од Купот на Македонија и ексклузивно право за емитување на натпреварите на териториите каде што се емитува ТВ каналот, Арена Спорт.

Раководството на ФФМ ја претстави понудата пред претставниците на клубовите од нашата Прва лига и заеднички се согласија ТВ правата да бидат отстапени на водечкиот регионален спортски канал, ТВ Арена Спорт во наредните две сезони. Финансиската понуда, исто така, им беше презентирана на претставниците на клубовите и донесоа одлука со средствата добиени од продажба на ТВ права да се покријат трошоците кои клубовите од 1 МФЛ ги плаќаа во име на котизација за настап во МФЛ.

Во проектот за телевизиските права од 1 МФЛ ќе биде вклучен и нашиот Национален сервис (МТВ). Двата натпревари од секое коло (сабота и недела) ќе се емитуваат и на МТВ која телевизиски ја покрива територијата на нашата држава со директни преноси и коментар на македонски јазик.

-По успешните преговори, задоволство е да објавиме дека постигнавме договор околу телевизиските права за натпреварите од 1 МФЛ. Добивме понуда и правата ги отстапуваме на Арена Спорт. Со ова праќаме широка порака. Ова е порака дека фудбалот го враќаме на телевизија низ директни преноси, свесни за важноста на нашата соработка со Арена Спорт како водечки регионален спортски канал и МТВ како Национален сервис. Од друга страна, ова е голема можност и за клубовите, не само поради тоа што сега се ослободени од плаќање котизација за настап во домашниот шампионат, туку многу повеќе, заради вниманието кое ќе го добијат и можноста за своја промоција во секоја смисла. Со емитувањето на регионален канал се зголемува и одговорноста кај нив, но и кај судиите и сите други чинители. Наша задача е да го чуваме имиџот и вредностите на нашиот фубал и да работиме да биде уште поуспешен и попопулареен. ФФМ останува сервис на клубовите за подобрување на имиџот и што е можно подобра презентација на домашната лига. Само заеднички можеме да му покажеме на регионот дека и во нашата држава има силни екипи, добри фудбалери и квалитетен фудбал, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Натпреварите од 1 МФЛ прв пат во историјата на македонскиот фудбал ќе се емитуваат на регионален спортски канал.

Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга
ShareTweet
Претходна вест

(Видео) Прекрасните потези на Ѓоковиќ, Федерер, Надал…од Вимблдон 2019

Следна вест

Заврши Женскиот кошаркарски самит во Словенија

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ
Фудбал

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
11/Ное/2026
Поранешен играч на Пелистер и Караорман ќе дебитира за Албанија!
Фудбал

Поранешен играч на Пелистер и Караорман ќе дебитира за Албанија!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
10/Ное/2026
Елмас повторно во Италија: Македонскиот репрезентативец потпиша за Аталанта!
Фудбал

Елмас повторно во Италија: Македонскиот репрезентативец потпиша за Аталанта!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
22/Авг/2026
СТРУШКИОТ БИСЕР ГО НАПУШТА РАБОТНИЧКИ: Дитмир Хоџа на само 17 години заминува во ЛИДС ЈУНАЈТЕД!
Фудбал

СТРУШКИОТ БИСЕР ГО НАПУШТА РАБОТНИЧКИ: Дитмир Хоџа на само 17 години заминува во ЛИДС ЈУНАЈТЕД!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
20/Авг/2026
Следна вест

Заврши Женскиот кошаркарски самит во Словенија

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.