“Минавме одлични 48 саати во престолнината на Полска, Варшава, опкружени со многу позитивни луѓе.
Голема благодарност до нашиот домаќин Дејан Георгијев, газда Пеце од Македонскиот ресторан Под Парасолами како и до персоналот на Македонската амбасада во Варшава на чело со нашиот пријател Умит кој беше дел и од прославата минатата година во Стојаково.
Голем поздрав и до сите мои колеги камионџии со кои се сретнавме по патиштата во Полска.
Поради краткиот период до Недела, ќе ја прескокнеме Братислава, и наша следна дестинација ќе биде Будимпешта. Доколку знаете некој Македонец кој е на привремен престој во Будимпешта тагирајте го во коментар па можеби ќе се сретнеме во Будимпешта.
Ви благодариме на поддршката и се гледаме во Недела!” стои на фејсбук страницата Од Стојаково до Ница со Рено 4.



