Maкедонските кошаркари додо 18 години со 80:73 ја победи Данска во последниот натпревар од групната фаза на Европското првенство Б дивизија кое се игра во Орадеа, Романија и со максимален учинок се пласира во четвртфиналето каде ќе играат со Естонија.
Најефикасен наш поединец на овој меч беше Марко Миловановиќ со 25 поени, додека најдобриот наш играч на ова првенство Андреј Јакимовски денес доби одмор од селекторот Тони Симиќ. Македонија во четвртфиналето против Естонија ќе игра на 2 август (петок) од 17:55 часот.



