Вардар во последното коло од групната фаза во Лига шампиони го совлада европскиот првак Монпелје со резултат од 33:27. ,,Црвено-црните” во почетните минути на натпреварот имаа доминантен старт, додека гостите во финишот на првиот дел фатија каков таков резултатски приклучот и на полувреме резултатот гласеше 16:13.
Во вториот дел се до 40-та минута имаше неизвесност, а потоа Вардар направи серија која што до крајот на мечот ја задржа за крајна победа од 33:27. Во победничкиот тим најзаслужни за триумфот беа голманот Милосављев кој имаше фантастични 13 одбрани, а во листата на стрелци најмногу погодоци имаа Кристопанс 7, Карачиќ 6, Чупиќ 5 гола, додека во тимот на Монпелје Порт даде 5 гола, а Петерсон и Ричардсон постигнаа по 4 гола. Вардар заврши на третата позиција и ќе ја чека разврската за ривалот кој го очекува во нокаут фазата.



