Денеска во Кина беше извршена ждрепката за Светското првенство во кошарка за 2019 година. Од секоја група пласман понатаму ќе обезбедат првопласираните две селекции и потоа ќе се формираат нови четири групи со по четири репрезентации, кои што подоцна ќе обезбедат пласман во 1/4 финале.
Репрезентацијата на Србија имаше среќа во ждрепката и ако игра во врвна форма дури во финалето може да се соочи со Сад. Од друга страна Црна Гора е сместена во тешка група против селекции како што се: Грција, Бразил и Нов Зеланд.
Мундобаскетот ќе се игра во 9 градови и тоа во: Пекинг, Вухан, Гуанжу, Фошан, Шангај, Нанџинг, Шензен, Гуандонг и Дингуан. Првенството започнува од 31. август и ќе трае до 15. септември. Извлечени се следниве групи и репрезентации:
Група А: Брегот на Слоновата коска, Полска, Венецуела, Кина
Група Б: Русија, Аргентина, Јужна Кореја, Нигерија
Група Ц: Шпанија, Иран, Порторико, Тунис
Група Д: Ангола, Филипини, Италија, Србија
Група Е: Турција, Чешка, САД, Јапонија
Група Ф: Грција, Нов Зеланд, Бразил, Црна Гора
Група Г: Доминиканска Република, Франција, Германија, Јордан
Група Х: Канада, Сенегал, Литванија, Австралија.



