Денес во спортската сала “Нико Нестор” во Струга пред околу 300 љубители на ракометот ЖРК Стружанка и ЖРК Металург одиграа одличен натпревар. На крајот славеше гостинот од Скопје за кој настапуваат неколку ракометарки од Струга со 21:26.
Сепак овој меч остана во сенка поради судискиот пар Илиевски Михајло и Илиевски Методија од Битола кои со своите чудни одлуки направија револт кај струшката публика која и тоа како знае ракомет. Најинтересно е што сите тие спорни судиски одлуки беа носени секогаш во моменти кога Стружанка ќе се доближеше на 6:7, 7:8, 8:11, 12:15 , 19:22, 21:23.
“Театарот” на судискиот пар продолжи и по натпреварот кога чудно но тие упатуваа погрдни зборови и пцовки кон дел од публиката меѓу кои имаше и познати спортски работници и ја зголемија лошата атмосфера во публиката која самите ја направија во текот на мечот .
Домашната публика со аплаузи на крајот од мечот ги награди и ракометарките на Стружанка и ракометарките на Металург кои изиграа фер плеј натпревар без никакви инциденти.
ЖРК СТРУЖАНКА – ЖРК МЕТАЛУРГ 21:26 (полувреме 9:14)
ЖРК СТРУЖАНКА: Митоска, Ристоска, Јовичaнац 4, Дурацоска 1, Јусуфи, Јоноска 4, Ивана Затуроска 3, Петреска 1, Делиоска 8, Бојана Затуроска, Ѓоршулеска, Голабоска, Переска, Балоска, Сара Калајџиевска.
ЖРК МЕТАЛУРГ: Илјаз, Гугуљанова 4, Ивановска 1, Ѓорѓиевска, Владева, Гулицоска 1, Тасевска 1, Смајловска, Дамчевска, Јана Калајџиевска 9, Граматова 2, Стефaновска 1, Гичевска 7, Паскал.



