Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев го очекува јубилејниот настап под број 400. во Серија А, каде што ова достигнување може да го официјализира во првенственото коло во недела против Фросиноне. Во својата кариера Пандев во Италија настапуваше за тимовите на: Анкона, Лацио, Интер, Наполи и Џенова. До сега има постигнато вкупно 83 гола во италијанската елитна лига.



