Македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски ќе мора да бараат нови клубови бидејќи поради финансиски малверзации, Палермо и официјално е исфрлен во италијанската Серија Ц . Главен виновник за оваа ситуација е нивниот поранешен сопственик, контроверзниот Маурицио Замперини, кој наводно перел пари. Останува да видиме каде ќе играат нашите фудбалери од наредната сезона. Палермо сега има рок од два дена да достави жалба, а одговор ќе добие во период од десет дена.



