Македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски кариерата ќе ја продолжи во Мајорка во Шпанија. Тој денес потпиша четиригодишен договор според кој ќе заработува 650 илјади евра по сезона.
Трајковски во Мајорка доаѓа од Палермо како слободен играч. Во Палермо за четири сезони тој одигра 113 натпревари и забележа 20 гола и 16 асистенции.



