Рајн Некар Левен славеше против Вецлар убедливо со 31:21 во „македонскиот“ дуел во Бундес лигата. Во составот на Рајн Некар, Филип Талески поголемиот дел го помина на клупата за резерви и постигна 1 гол во финишот на средбата. Во составот на Вецлар настапи Филип Миркуловски и успеа да постигне 2 погодока. Најинтересниот момент се случи на трибините каде Македонските фанови излегоа со знаме на кое стоеше името ФИЛИП и броевите на нашите репрезентативци 28 и 13. 



