Во недела од 16:30 во Струга во спортската сала “Нико Нестор” ќе се одигра големо кошаркарско дерби од Втората Кошаркарска лига -Запад во кое екипата на КК Црн Дрим го пречекува лидерот на табелата КК Ангели. Стружани кои незнаат за пораз на домашен терен и во недела ќе излезат мотивирани и со желба за победа со помош на нивните верни навивачи. 



