Борачот Могамедгаџи Нуров на Светското првенство во борење во Нур Салатан, Казакстан влезе во репасажот на првенството и со тоа ни донесе Олимписка норма по пауза од цели 12 години за Македонија.
Нуров во репасажот во категоријата до 97 килограми го порази молдавецот Николаи Чобан со резултат од 2:1 и со тоа го завери пласманот на следната Олимпијада. Најпрвин македонскиот борач славеше над Хосам Мерџани од Египет со 9:1, потоа во 1/8 финалето беше поуспешен од Роберти од Венецуела со 7:2, додека во 1/4 финалето Нуров беше совладан од одличниот руски борач Абдулрашид Суладаев со 6:0.



