Во англискиот нисколигашки фудбал веќе е во „тренд” да има клубови со финанскиски проблеми. Најпрво, ова почна од Норт Фериби кој пропадна заради долг од само 2500 фунти. Веднаш после него следуваа Бери и Болтон, а истата судбина го очекува и Билерики Таун по заминуавњето на поранешниот сопсвтвеник Тамплин. Најновата вест поврзана со оваа тема ни доаѓа од Макелсфилд Таун. Играчите на овој тим не добиле плата неколку недели и оваа недела намерно отсуствувале од тренинзи заради таа причина. Клубот уште од минатата сезона имал слични проблеми, но сето тоа било вешто прекриено. Постои голема веројатност Макелсфилд да биде исфрлен од ФА Купот. Со своето членство во четвртата лига, загарантирано имаа место во главниот ждреб, па пласман во втората рунда би им донел 36 000 фунти што би било доволно за да се покрие дел од долгот.
Имаше шпекулации дека Џоу Сили – синот на поранешниот голман на Манчестер Јунајтед и Вест Хем, Лес Сили, ќе го превземе тимот, но од Макелсфилд не прокоментираа ништо на таа тема.



