Шериф Кунт кој има полни 70-години е неуморен спортист и дебитираше за својот нов клуб во кариерата за тимот на Кизилтепе Генчерлебирлигиспор, кој се натпреварува во втората аматерска лига во Турција.
Кунт пред некој ден го засили тимот на Кизилтепе, а претходно играше во клубот Карачај Генчикспор. Искусниот 70-годишен фудбалер дебитираше за својот нов клуб и беше во почетната постава, а игра на позицијата напаѓач каде настапи се до 75-тата минута. Иако не постигна гол на своето деби сепак тој одлично се носеше со далеку помладите колеги од себе, а Кунт е задоволен и пред турските медиуми ја даде следната изјава:
,,55 години ги посветив на аматерскиот фудбал, претходната сезона играв за Карачај. Сега сум во нов клуб и нов предизвик за мене. Одлучив да бидам пример за младите. Оваа понуда не сакав да ја одбијам, затоа што го сакам фудбалот повеќе од се во животот. Моја порака до младите е да го сакаат фудбалот и спортот, затоа што фудбалот и спортот воопшто не познаваат години, најважно е фудбалот да го имате во срцето” – порача на крај Кунт.



