Македонската репрезентација до 18 години, предводена од селекторот Шкумбин Арслани го одигра првиот натпревар од меѓународниот турнир Вацлав Јежек, каде што во изедначениот натпревар против Украина нашата репрезентација претрпе минимален пораз од 2:1, со автогол пред самиот крај на натпреварот.
Македонските репрезентативци го отворија резултатот во 4-та минута од натпреварот со голот на Максимов, и предноста ја имаа до самиот финиш на првото полувреме, кога Слусиар изедначи на 1:1. Крајниот резултат од 2:1 беше поставен со постигнатиот автогол по центаршутот на Волинец од Украина.
извор и фото: http://ffm.mk



