Во рамки на 19 коло од Првата македонска кошаркарска лига, скопските тимови МЗТ Скопје и Работнички запишаа победи. ,,Штрковите” од Аеродром на гостински терен против КК Куманово дојдоа до победа со преполовен тим со резултат од 76:72. Андрија Бојиќ со 19 поени и 8 скока и Дамјан Стојановски со 18 поени и 12 скока беа најпрецизните во победничкиот тим, додека Андреј Магдевски постигна 13, а Марко Симоновски зад своето име запиша 12 поени.
Кошаркарите на Работнички славеа на домашен терен против тимот на Блокотехна со 94:77 и со оваа победа тимот од „Градски парк“ се врати на првото место на табелата. Најефикасен во победничкиот тим беше Чавдар Костов со 27 поени и 8 скока, додека Марјан Јанески постигна 17 коша. На спротивната страна Данило Мијатовиќ забележа учинок од 18 поени и 10 скока.



