Европскиот шампион, тимот на Реал Мадрид во рамките на Евролигата во шпанската пресметка загуби од Басконија на гостински терен со резултат од 86:76. Во победничкиот табор најефикасни завршија Вилдоза со 20 и Пориер со 19 поени, додека кај Реал Мадрид најдобар стрелец на мечот беше Томпкинс со 17 поени.
Во останатите вчерашни натпревари Макаби Тел Авив запиша гостинска победа над Химки со резултат од 76:71 каде што најзаслужен за победата беше Рол со 17 поени исто колку и Швед во домашниот руски тим.
Литвански Жалгирис триумфира убедливо против Дарушафака со резултат од 94:67 каде што Дејвис и Томпсон беа најефикасни со 13, односно 12 поени. И тимот на грчки Панатинаикос го совлада Милано среде Италија со резултат од 95:83, а најзаслужен за победата беше Калатес со 27 поени, 14 асистенции и 8 скока.



